Туфахии со урми
Едноставен и брз десерт, традиционален на овие простори. Малку поинаква верзија од оригиналните, но подеднакво вкусна.
1. Изберете средно големи јаболки со приближно иста големина и убава форма. Излупете ги и со помош на алатка или ноже извадете ја средината. (Јас дури и малку поголеми ги направив отворите за да има повеќе фил).
2. Во тенџере на оган ставете го шеќерот, водата, ванилите и сокот од лимон и мешајте додека не се растопи шеќерот. Потоа наредете ги јаболките и покријте со капак. Отприлика сирупот стигнува до половина јаболки така да на секои 3-4 минути превртувајте ги за подеднакво да се зготват. Времето зависи од големината на јаболките, отприлика 2-до 25 минути (ќе осетите при превртување на јаболките).
3. Во меѓувреме урмите сомелете ги на машина и ставете ги во друго тенџере на оган со 10 лажици вода. Не треба да вријат туку само малку да се опуштат урмите и да се добие покомпактна смеса. Потоа тргнете ги, додадете ја кората од лимон и оревите и промешајте убаво за да се изедначи.
4. Јаболките внимателно префрлете ги на тањир или даска и со лажиче убаво наполнете ги со филот.
Добар апетит.
***Мене ми беше доволен филот за 5 јаболки, но отворите беа малку поголеми. Во зависност од тоа и големината на јаболките може да наполните 5 до 8 јаболки. Исто така сирупот кој ќе ви остане може да го искористите повторно (за нова тура туфахии или други колачиња)
Лиценца: Сите права се задржани
Кларичка се наоѓаат убави јаболчиња сеуште, може се малку помали ама ќе поминат и тие :)