Босански локум (без јајца и млеко)
1. Измешајте ја слатката павлака и зејтинот, потоа додате го истопениот путер и убаво изматете со миксер 2. Додајте го кокосот и пецивото и постепено ставајте брашно. Месете го тестото додека престане да ви се лепи за рацете, а да не биде многу тврдо за да може да се обликува
3. Поделете го тестото на 8 топчиња
4. Секое топче развлекувајте го во долга колбасеста форма. Со нож расечете го обликуваното тесто на парчиња иста големина. Мене ми испаднаа 13 парчиња од секое топче. Потоа секое парче земете го во рака и обликувајте го како ќебапче да е широко околу еден прст а долго околу 3 цм.
5. Во тавче ставете хартија за печење и наредете го локумот. Печете на 200 степени 20 минути. Кога ќе ги извадите од рерна веднаш валкајте ги во шеќер во прав. Немаат јаца и млеко затоа може подолго да стојат
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
другарка ми еднаш ме убедуваше дека ништо не јаде и се ѝ се лепи. додека ме убедуваше, намава едно пакетче ресана и ме гаѓаше со трошки од уста додека ме убедуваше :) :) :) :)