Босански локум (без јајца и млеко)
Состојки
- 1 кг брашно
- 250 гр путер
- 5 лажици шеќер
- 200 мл слатка павлака
- 200 мл зејтин
- 100 гр кокос
- 1 прашак за пециво
- за одозгора
- 100 гр шеќер во прав
Подготовка
1. Измешајте ја слатката павлака и зејтинот, потоа додате го истопениот путер и убаво изматете со миксер 2. Додајте го кокосот и пецивото и постепено ставајте брашно. Месете го тестото додека престане да ви се лепи за рацете, а да не биде многу тврдо за да може да се обликува
3. Поделете го тестото на 8 топчиња
4. Секое топче развлекувајте го во долга колбасеста форма. Со нож расечете го обликуваното тесто на парчиња иста големина. Мене ми испаднаа 13 парчиња од секое топче. Потоа секое парче земете го во рака и обликувајте го како ќебапче да е широко околу еден прст а долго околу 3 цм.
5. Во тавче ставете хартија за печење и наредете го локумот. Печете на 200 степени 20 минути. Кога ќе ги извадите од рерна веднаш валкајте ги во шеќер во прав. Немаат јаца и млеко затоа може подолго да стојат