Боденик
Овој боденик ни го правеше мојата покојна мајка, само со сирење или урда, но секако е вкусен во било која варијанта. Вкусот на нејзиниот боденик сеуште го чувствувам, иако оттогаш поминаа многу години.
Замесуваме средно меко тесто од потребните состојки и го оставаме тестото да стаса. Може и само по десетина минути веднаш да сукаме кори, но јас обично го чекам тестото убаво да надојде, па после сукам кори, така ми е повкусно.
Во меѓувреме го чистиме празот, го миеме и го сецкаме ситно. Кога тестото е стасано го делиме на 11 топчиња. Од секоје топче расукуваме кора големина колку обемот на плекчето односно бр.30. Дебелината на кората да биде околу 2 до 3 мм. Плекчето го подмачкуваме со зејтин. Кората ја попрскуваме со зејтин и додаваме од празот.
Расукуваме друга кора и ја повторуваме постапката со сите кори. Врз последната кора попрскуваме малку зејтин и со четкичка го распоредуваме насекаде по кората.
Боденикот го сечеме на коцки, со вилушка го боцкаме насекаде и го оставаме да стаса.
Печеме на 200 степени околу 35 минути. Кога е испечен го покриваме плекчето добро да се задуши и да омекне. Како прилог со боденикот би додала јогурт, а може и расолница ако сакате. Се надевам дека ќе ви се допадне овој боденик. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Многу вкусничко ми се виде
pozz Svetle :)
Eve bidna konecno i bodenikot po tvojot recept:) Prv pat probavme so praz, mnogu ni se dopadna....fala ti Svetle! Pozdrav