Постапка
- Растопете го путерот заедно со маслото и оставете на страна да се лади.
- Сирењето изронете го, во него додадете по ваш избор магдонсот, спанаќ, блитва, перца од млад кромид... останува вие сами да си изберете.
- Подгрејте млекото и водата, да бидат млаки, додадете го квасецот во нив, разматете да се раствори квасецот, додадете ја солта, постепено додавајте го брашното, замесете тесто кое е меко, но не се лепи за рацете. Покријте и оставете да стаса.
- Откако стасало тестото извадете на побрашнета површина, размесете и поделете го на три еднакви дела.
- Расукајте ја првата кора, но не многу тенка, премачкајте со од мешаавината на маслото и путерот, посипете со 1/3 од сирењето. Расукајте ја втората кора и поставете врз првата, постапката со премачкувањето и сирењето повторете. Расукајте третата кога и ставете врз втората и понатаму со премачкувањето и сирењето повторно исто.
Оформување
- Откако сте ги наредиле корите една врз друга, почнувате со преклопувањето така што најгорната кора (а тоа е третата) преклопете до средината од кората премачкајте ја одозгора, сега спротивната страна од кората преклопете ја врз првиот преклоп и тоа го премачкајте, потоа десната или леаата страна (не е битно од каде ќе почнете) преклопете ја кон средината - премачкајте. Врз ова ставете ја другата спротивна страна - премачкајте - треба да добиете или квадрат или правоаголник - зависно како сте преклопувале. Потоа постапката повторувајте ја на истиот начин со тоа што ќе го покривате добиената форма - стално секој преклоп да го премачкувате. Кога и третата кора ќе ја преклопите пакетот од кори е спремен.
Преместете го на плех - со рацете не силно налегајки полека растегнете го тестото. Потребно е навистина повнимателно при тегнењето на сите овие предиплени кори. Откако сте го растегнале тестото, исечете го онака како што сакате вие, дали во косина или право... не е ниту битно. Премачкајте со разматената жолчка, посипете со семето изберено од вас... нека стаса. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени.
И така... тоа е...
НАПОМЕНА - можам да кажам уште тоа дека ако не ви е доволно солено сирењето, посипете одозгора и со едра сол.
Ако сакате потенки да бидат корите - тогаш потенко расукајте и вака предиплувајте , ќе добиете некој вид на пита бурек.
Мрснотијата не е многу - морам да ви напоменам.
Полесно е да се формира овој боденик и нема да е грашка доколку секоја кора при самото сукање ја премачката со мрснотијата, посипете со сирењето и направете го преклопувањето. Тргнете на страна, откако втората сте ја приготвиле како што сум напишала погоре - ставете ја првата формирана кора, и врз неа преклопувајте, потоа третата кора и ставете ги претходно двете кори врз третата кора, преклопете ја врз нив... и понатаму исто... јас некогаш така - некогаш онака како што го знам рецептот а тоа како што објаснив погоре.... Не е на одмет да ги погледнете и помошните фотографии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани