И така... боденик, ама во последен момент му го сменив изгледот
 
Чашата е од 200 мл.

- Одделете една жолчка од јајцата (за премачкување ќе се најде)
- Измешајте ги брашното, шеќерот, солта, квасецот. Со вилушка малку лесно сматете го јајцето и едната белка. Млекото затоплете го, тргнете настрана и во него додадете го одмерениот маргарин за да се стопи додека е топло млекото. Замесете тестото, а домесете го со додавање на зејтинот. Оставете да стаса.
Фил
Додека да стаса тестото вие ситно исецкајте го кромидот, сварените јајца, осолете, додадете бибер (на вкус), зејтинот, измешајте и тргнете настрана.
- Откако стасало тестото поделете го на три дела така што едниот дел ќе ви биде поголем, а останатите два дела на еднаква помала големина. Рассукајте кора во големина на плек бр.26, поставете ја на дното од тавата, врз неа ставете го филот.
- Останатите две кори исто така расукајте ги. Едната кора исечете ја така што ќе формирате кругови, а другата кора исечете ја на 16 триаголника, но не до крај, оставете од надворешната страна недосечена да биди.
- Со помош на сукалото префрлете ја врз филот кората која е исечена на 16 дела. Убаво ги наместете сите триаголници на внатрешната страна, 8 триаголника подигнете ги и вратете наназад. Земете го најголемиот прстен од кората, поставете го врз вака добиената форма од триаголниците. Сега вратете ги назад тие триаголници што беа подигнати на назад, а подигнете ги триаголниците кои лежеа и сега нив ги вратете на надвор. Го земате вториот прстен од тесто и го ставате внатре - постапката пак иста... враќате тие што се наназад триаголници, а ги подигате тие што лежат. Така се додека ги наредите прстените, а средниот најмалиот дел ќе ви послужи да ги затворите врвовите од самите триаголници.
Оставете да стаса, премачкајте со жолчката која ја одделивме и лесно измешана со 1 лажица млеко, печете на 180 степени до готовност на боденикот - сам ќе ви каже кога е готов.
Тоа е се...
Напомена
- Сега во зимниот период додека имам маст, лесно се одлучувам во вакви теста да ја заменам со маргаринот или путерот ако е така пропишано во рецептот, значи наместо маргарин си ставив маст.
- По некој пат ставам во боденикот и жив праз, но овој пат ставив кромид, односно сакам да кажам дека можете филот каков сакате таков да си го направите. Овде пишувам рецепт, а повеќе беше ова како идеја за да му го смениме надворешниот изглед на нашиот Боденик. Пресекот не му е баш некој си, си брзав топол да го исечам и надвор да сликам... се спремаше да врне.
Нека ви е слаткоооо!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови