Бела салата со урда
Изварката се меша со павлаките додека се добие хомогена смеса.
Се додава мајонез, па лукчето и црната пипер.Убаво се изедначува.
Потоа се додава саламата и краставицата, која претходно беше завиткана во памучна крпа за да се впие течноста што ја пушта.
На крај оревот. Се убаво се соединува.
По желба можи да се додадат и варени, сецкани моркови.
Се декорира по желба, а и кимот одлично се вклопува во вкусот на оваа салата.
Топло ви ја препорачувам салатава, лесна е за правење, а и лесна за јадење.
Лиценца: Сите права се задржани