Бела салата со урда
Состојки
- 1кг. кравска изварка (солена)
- 2 кисели павлаки
- 5-6 лажици мајонез
- 2-3 чешниња ситно сецкано или гмечено лукче
- по вкус мелен црн пипер
- 300гр. сецкана салама
- 1 поголема или 2 помали ситно сецкани краставици
- 100гр. подпечен и сецкан орев
Подготовка
Изварката се меша со павлаките додека се добие хомогена смеса.
Се додава мајонез, па лукчето и црната пипер.Убаво се изедначува.
Потоа се додава саламата и краставицата, која претходно беше завиткана во памучна крпа за да се впие течноста што ја пушта.
На крај оревот. Се убаво се соединува.
По желба можи да се додадат и варени, сецкани моркови.
Се декорира по желба, а и кимот одлично се вклопува во вкусот на оваа салата.
Топло ви ја препорачувам салатава, лесна е за правење, а и лесна за јадење.