Посен бадемов колач со афион
Овој колач се припрема многу брзо, не се пече, а содржи богатство на состојки кои ни се потребни, особено за време на пости.
1. Бадемите ги мелеме на машинка за мелење ореви (ситно мелени).
2. Урмите ги ставаме во вода да се киснат 15 минути, потоа ги лупиме (ама и не мора) и со медот ги ставаме во блендер или сецко да се изблендираат во густа каша.
3. Ги мешаме бадемите, афионот и кокосовото брашно заедно со смесата од урми и мед, да се направи хомогена смеса ( ги месиме со рака).
4. Смесата ја расплескуваме во соодветен сад од кој можеме лесно да ја извадиме и ја ставаме во фрижидер да се стегне.
5. Печената тиква ја ставаме во блендер фино да се измати. Смесата ја ставаме во шприц и го декорираме колачот.
Забелешка
Кокосовото брашно го мелев на машинка за мелење кафе.
Лиценца: Сите права се задржани
Јас бомбици правев, се надевам ќе излезе во скоро време и рецептот, исто кокосот во машинка за кафе и оп брашно :)