Посен бадемов колач со афион
Состојки
- 300 гр непечени бадеми
- 1/2 чаша афион
- 1/2 чаша кокос во прав
- 15 свежи урми
- 6 лажици мед или некој друг засладувач
- 4 -5 парчиња печена тиква и бадем листови за украсување
Подготовка
Овој колач се припрема многу брзо, не се пече, а содржи богатство на состојки кои ни се потребни, особено за време на пости.
1. Бадемите ги мелеме на машинка за мелење ореви (ситно мелени).
2. Урмите ги ставаме во вода да се киснат 15 минути, потоа ги лупиме (ама и не мора) и со медот ги ставаме во блендер или сецко да се изблендираат во густа каша.
3. Ги мешаме бадемите, афионот и кокосовото брашно заедно со смесата од урми и мед, да се направи хомогена смеса ( ги месиме со рака).
4. Смесата ја расплескуваме во соодветен сад од кој можеме лесно да ја извадиме и ја ставаме во фрижидер да се стегне.
5. Печената тиква ја ставаме во блендер фино да се измати. Смесата ја ставаме во шприц и го декорираме колачот.
Забелешка
Кокосовото брашно го мелев на машинка за мелење кафе.