Бавно печено телешко месо
Подгответе се за маратонско печење!
Во меѓувреме сварете си кафе и уживајте, бидејќи на ова јадење не мора да му „висите над глава„.
1. Најнапред месото се премачкува од сите страни со сенф. Тоа е најдобро да го направите одвечер или најмалку 2 часа пред печење.
Ставете го во огноотпорен сад или во некој поголем сад за печење, бидејќи подоцна во тек на печењето треба да се додаде и зеленчукот.
2. Лукот нема потреба да се лупи. Само измијте го и на целите глави отсечете им ги малку врвовите, а потоа со исечениот дел свртете ги надолу помеѓу парчињата месо. Ова е важно бидејќи вака полесно ќе навлезат соковите, во лукот, кои ќе ги пушти месото.
Наросете со црн пипер и крупна морска сол,ставете ги гранчињата рузмарин и може сосема, ептен малку да ставите и зејтин врз месото.
3. Вака подготвеното месо се става во рерна која не е претходно загреана. Печеме на 160-180 степени (ова зависи од самата рерна,а секоја домаќинка бидејќи најдобро си ја знае,ќе си одреди сама) од 4,5-6 часа.
4. По 1-1,5 час месото ќе пушти извесна количина на сок, па добро е со помош на лажица да го прелиете еднаш до два пати во текот на печењето.
5. Морковите исечете ги на парчиња не подебели од 1 см. Исто и компирите исечете ги на 6-8 парчиња, зависно од големината, посолете и наросете со црн и бел бибер и оригано. Додајте им малку зејтин и измешајте ги убаво, за да се залепат зачините на нив.
6. На 2 часа пред крајот на печењето додадете ги исецканите моркови и подготвените компири во садот со месото. Ставете и неколку парченца путер или маргарин врз компирите. Нешто подоцна ставете ги и бамјите.
Напомена - Зеленчукот може да го печете и во сосема друга тава.Јас во месото ги ставив истовремено бамјите и моровот, а посебно ги печев компирите.
Во зависност од тоа колку печен го сакате зеленчукот, го ставате порано или подоцна во рерната. Така на пример ако одлучите да печете 6 часа на 170 степени, на третиот час може да ги ставите компирите, на четвртиот морковите, а на петтиот час бамјите.
Ако сакате може да си направите и гарнир по Ваша желба.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И уште нешто,гледаш ти слики од овој рецепт тука,а и останатите рецепти што се постирани?Пошто не знам што е работата,јас не гледам ништо друго освен состојки и припрема.Додуша и сликата е катастрофална :)
Поздрав
odlicen rucek pozz
Вакво и свинско обично со црвено ги готвам,не сум пробала со бело,може им дава свежина повеќе?!
Да знаеш,мене ич не ми е по ќеф ни сликата,ни декорацијата,ама таа е :) добро е штом добивате апетит за метење,исто како што и ние сметовме се,вклучително и месото :))
Бамји имам во замрзнивач,па ќе се гостиме :) Ја гледав нешто од ЛилиН таа салатата од бамји...:Р ќе бидне некое чудо