Подготовка:

1. Измиеното парче месо го ставаме во пекач.
2. Во сад ги соединуваме сите состојки за маринада. Ги премачкуваме убаво ребрата, ги масираме. Го ставаме капакот на пекачот и оставаме во фрижидер да одстојат 5,6 саати.
3. Ги печиме од 3 до 3,30 часа во загреана рерна на 150-160 степени. Во текот на печењето може да се преврти еднаш парчето месо. Јас ставам само малку вода, не е и задолжително. Зависи од самото парче месо. Оставаме потполно да оладат, па сечиме на парчиња. Сервираме.
Прилог кон нив е лута урнебес салата.
На здравје празничната гозба.

Забелешка, до колку немате пекач, покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете така околу 3 часа.
Пред крај само извадете ја фолијата, да заруменат , околу 20 минути, а не смеат да се исушат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани