Печено ребро со сос по Џејми Оливер
Многу лесно!
Да не мислевМЕ дека јас ќе приготвам нешто многу тешко?
Е тоа тешко па никако =))
Уште пред 10ина години почнав да го применувм овој начин на приготвување. Не го користам секогаш, но еднаш до два пати во годината обавезно.
Може да се употреби кое било месо, но за мене месо е свинско, а другите си имаат некои други имиња =))
Начинот на подготовка е многу лесен.
Се меша сосот. Нема точни мерки, бидејки е вкус во прашање. Доколку сакате да има сладуникав вкус ќе ставите повеќе мед. Ако сакате малку погорчлив вкус, ќе ставите повеќе сенф.
Доколку сте во можност, најубаво би било да може месото да одстои барем 4-5 часа (или од вечер) премачкано со сосот, но и премачкување во текот на приготвувањето е со супер исход.
Месото се премачкува со сосот и се пече во загреана рерна на 200степени.
На секои 20ина мин се вади од рерна, се превртува и повторно се премачкува.
Печете додека месото не е готово или доколку сакате да биде меко или да се двои од коската, печете подолго во затворен сад и на температура од 150 степени.
ТОЛКУ!
Сум го приготвувала со кртина и со ребра и морам да кажам дека ребрата се повеќе за мене. И да не се приготвени по овој рецепт, за мене свинско ребро е прво на листата на месо.
Сум го приготвувала и без мајчина душичка и со сува од кесичка за чај и со сува набрана од планина.
Не сум го приготвила со свежа, иако јасно ми е дека така ќе биде најубаво.
Без мајчина душичка е комплетно друго јадење, со мајчина душичка од кесичка за чај така така, не дава многу од аромата што всушност треба да ја даде, ама затоа со планинската е ТОА ВИСТИНСКОТО!
Е па, на здравје вистинска леснотија и убавина!
Лиценца: Сите права се задржани