Подготовка:

1. Во садот за месење сипете го брашното и направете вдлабнатина во средината. Ставете дел од топлото млеко, шеќерот и издробениот квасец. Откако ќе се активира квасецот, додадете ги и останатите состојки и замесете тесто. Покријте го и оставете го да се дуплира, отприлика 1 час на собна температура.

2. Стасаното тесто благо премесете го, со многу малку масло и вадете топчиња кои потоа редоследно ќе ги виткате во кифли.

3. Свитканите кифли покријте ги со пацета во плехот и оставете ги уште 10-15на минути да отстојат, па премачкајте ги со жолчката и наросете крупна сол. Јас ставив и сусам, ние го сакаме.

4. Печете на 200 степени 15-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови