Испечати

Овошен чизкејк со шумско овошје (без печење)

Овошен чизкејк со шумско овошје (без печење)

Состојки

  • Основа
  • 180 гр путер
  • 150 мл газиран сок од портокал или лимон
  • 100 гр шеќер во прав
  • 450 гр мелени бисквити
  • Фил од сирење
  • 10 гр желатин
  • 50 мл вода
  • 600 гр крем сирење
  • 250 гр шеќер во прав
  • 400 мл слатка павлака
  • 2 ванили
  • 300 гр кисела павлака
  • Овошен прелив
  • 500 гр шумско овошје (малини, капини, рибизли, јагоди)
  • 7 лажици шеќер

Подготовка

ПОДГОТОВКА НА ОСНОВА
Маргаринот се мати со миксер и во него се додаваат сите останати состојки. Заедно се соединуваат со рака и веднаш се става смесата на дното на тркалезен калап со затегач бр. 28 како подлога за чизкејкот.

ПОДГОТОВКА НА КРЕМ
1. Желатинот со водата се оставаат да набабри.
2. Крем сирењето со прав шеќерот се матат, а во нив подоцна се додава и хоплата и киселата павлака.
3. Набабрениот желатин се става во микро или малку на тивок огин неколку секунди на 500. 1-2 мин (да биде во течна состојба). Во него се додава една лажица од филот, се промешува убаво да се изедначи температурата на филот и желатинот и се додава во сирењето, се мати со шпатула, без миксер и веднаш се дели на два дела....
- првиот дел останува ист
- во вториот дел се додава дел од овошниот прелив испасиран на блендер...околу 5 лажици
Првиот дел се истура врз подлогата од плазма – може да се стави и по некоја замрзната малина во белиот дел како цели , а вториот врз нив.
5. Се остава неколку часа во фрижидер да се стегне.

ПОДГОТОВКА НА ОВОШНИОТ ПРЕЛИВ
Јагодите и шеќерот се варат да се згуснат малку. Преливот се става врз чизкејкот веднаш и не мора да се чека да се стегне сирењето.

На овошните чизејкови јас лично го избегнувам желирањето на овошјето врз колачот бидејќи ми е поубав во течна форм. Ако некој не го сака тоа, тогаш доволно е да се додаде една кесичка крем фикс или желатин.