Посна мусака со печурки
Ова јадење си го смислив сама во еден петок кога сакав да зготвам нешто посно но несекојдневно. И излезе превкусен посен ручек.
1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме во масло. Кога ќе се испржи кромидот во него го додаваме оризот и тој малку да се испржи, па шампињоните исцедени од маринадата. На врвот на лажицата брашно и една лажица пипер црвена ставаме и кратко промешуваме. Веднаш го додаваме доматното пире(јас ставив конзервирани домати од мојата зимница). Пропржуваме минута до две и по малку додаваме врела вода. На тивок оган оставаме да крчка додека да се подвари оризот.
2. За тоа време ја вклучуваме рерната на 250 степени, ги лупиме компирите и ги сечеме на кругови. Смесата ја ставаме во земјена тава, зачинуваме со сол и бибер, ги редиме круговите компири, додаваме врела вода ако има потреба да ги покрие компирите и ја ставаме тавата во рерна. Печеме додека се зготват компирите (околу 40 минути). Потоа преку целото јадење го распоредуваме ренданиот посен кашкавал и враќаме во рерна уште петнеесетина минути.
Од сопругот и децата добив многу комплименти а тавата ја избришаа до ронка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови