1. Во тавче на оган ставаме масло. Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме во тавчето.
2. Пиперките и 2 црвени домати ситно ги сецкаме. Ги додаваме во кромидот и тие да се пржат.
3. Морковите ги рендаме и нив ги додаваме во тавчето. Ја ставаме црвената пипер, мешаниот зачин, посолуваме и наросуваме бибер. Го додаваме оризот и 3 филџани вода. Оставаме да зоврие.
4. На дното од караванче број 30 ставаме кругови компир. Врз компирите го ставаме филот.
5. Црните домати ги сечиме на кругови, ги посолуваме и ги оставаме да стојат 15 минути. Ги ставаме на скара да се печат, им тураме по малку маслиново масло и оригано.
6. Испечените црни домати ги редиме врз филот.
7. Црвените домати ги сечиме на кругови и ги ставаме помеѓу црните. Наросуваме црн бибер и посолуваме.
8. Тураме 3 филџани вода и печиме во рерна загреана на 180 степени додека не испари водата и да се потпечат доматите.

Филџанот е 130мл. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани