Испечати

Кремпита со лиснато тесто

Кремпита со лиснато тесто

Состојки

  • Тесто
  • 275 гр. лиснато тесто
  • Фил
  • 2 пудинзи од ванила
  • 950 мл. млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 120 гр. маргарин
  • 50 гр. шлаг во прав

Подготовка

1. Најпрво лиснатото тесто се дели на два еднакви делови. Секој дел малку се расукува и се прават дупчиња со вилушка и на двата делови за да не нарасне многу при печење. Се става да се печи во загреана рерна на 180° околу 20 мин. Печени се оставаат двата дела во мокра кујнска хартија да отстојат. Откако ќе отстојат едниот дел се сечи на делови(големина и форма по желба)и повторно се остава во мокра кујнска хартија да отстои.
2. Филот се подготвува така што прво се мати шлагот со 200 мл. млеко и се остава во фрижидер. Од шлагот може да се одвојат две до три лажици за декорација. Во едно тенџере се ставаат 750 мл. млеко, двата пудинзи од ванила и 10 лажици шеќер. Се промешува со жица додека да снема грутчиња и се става на шпорет да се вари додека да се згусни. Потоа мешајќи постојано се остава да се излади пудингот. Откако ќе се излади,во еден сад се мати пенасто маргаринот со ванилиниот шеќер, па се додава пудингот и убаво се микса. Потоа се додава и шлагот и убаво се соединува смесата.
3. Во еден калап се става најпрво целото парче лиснато тесто, повеќе од пола фил, одозгора се сложуваат парчињата лиснато тесто, се додава остатокот од филот и се размазнува убаво. Се декорира со шлаг и малку изтрошено лиснато тесто или се разбира по желба. Се остава да отстои во замрзнувач час и половина.
Тортата е многу вкусна, лесна и кремаста.Потсетува на сладолед и е супер за пролетни и летни денови.