Испечати

Бистра рибина чорба на далматински начин

Бистра рибина чорба на далматински начин

Состојки

  • 1 морков
  • 1 компир
  • 1 црвен домат
  • 1 главица кромид
  • бибер во зрно
  • 1 ловоров лист
  • 700 гр ослич
  • 50 гр ориз
  • 2л вода

Подготовка

Во водата ставете ги компирот, кромидот, морковот, ловоровиот лист, доматот и биберот во зрно да се варат на оган додека омекнат. Потоа додадете ја и рибата и варете уште 15тина минути.
Компирот испасирајте го, морковот исечете го на кругови и вртате ги во течноста.
Рибата исчистете ја од коски и кожа и вратете ја во течноста.
Во чорбата додадете го оризот и вратете на оган додека се свари. Посолете по вкус.
На здравје !!