Џем од јагоди
Брза подготовка, кратко варење а вкусот и мирисот на овој џем ми е не заменлив.
Подготовка
Јагодите измијте ги и исчистете ги. Исечкајте ги на парченца и ставете ги во едно тенџере. Додадете го шеќерот и пектинот и убаво промешајте. Поклопете со капакот и оставете ги така да отстојат 3 часа.
Варете ги со повремено мешање додека да зовријат. Откако ќе зовријат се варат уште 3 минути со постојано мешање. Џемот ставете го во подготвените тегли додека е врел. Затворете ги теглите со капаците и превртете ги наопаку да отстојат околу 5 минути.
Ваков џем може да подготвувате и со замрзнато овошје. Одмрзнете го овошјето, а водата која ќе се собере при одмрзнувањето искористете ја при варењето на џемот.
Џемот може да го подготвите и во Гурмет 8 во 1 Пекачот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Туку да прашам... Колку може да трае вака спремен џемот? Повеќе од 1 година?
E sega nema jagodi i gledam tuka opcija praski... pa da si priprasam dur sum so namera, oti mozi brzo da me smrzi ;) -koga se pasira ovosjeto, malku podvareno koga ke e ili "na zivo" :))) A nekoj limon da mu sibnam so ke bidi? :)
Koga ke go svaris odozgora ke ima pena, trgni ja pred da go stavas vo tegli (ama ti se znaes veke!) Ah da, za praskite ke go meris iscistenoto ovosje (bez luspa, semka...). Aj pa kazi rezultati :))
Мислев кој знае колку работа има за џемОЈ да се направат, ама тоа ти било „час посла“ :) Го „стуткав“ денес :) Еве :)
Малку лектира напипшав, ама морав да си се изјаснам :)))
Фала ти за убавиот рецепт. Додека имам уште од тој цукерот швабски ќе пробам да си направам и од други овоштинки. Освен што ќе имаме џем дома има да се пукнам од фалење по комшии што домаќиниште сум хаха слат се уби од работа оваа :)
Ај уште една слика сега од тоа што не го собра во тегличките ;)
... и се одјавувам :)))))))))
E sega za gustinata....dovolno mu e varenje kako gore vo receptot sto pisuva, nema da se zgusni, odnosno sosema malku, ama pa zatoa koga ubavo ke se oladi ke bide taman. Neznam slikava koga si ja slikala dali e uste topol marmaladot ili e veke oladen? Ako e uste topol togas e normalno da e potecen....kaj mene koga go svariv bese uste potecen otkolku kaj tebe na slikava.
Тие 10 мин. температурата не беше иста цело време, смалував и зголемував, оти на најсилно инаку сакаше да ме прска :))) значи не ги сваќај буквално иако 3 мин си се држев по твојот рецепт и опаковката, но после имаше продолжение со мешана температура на ринглата од безбедоносни причини :))))))))))))
Јас се придржував спрема упатството на ќесичката во соодносот шеќер-пектин, бидејќи имав и 3:1 и 2:1, само што подолго варев (на сите беше посочено 3-5 мин ако добро се сеќавам) и ете го резултатот - не требало :)
Fala ti Klara za odgovorot, se nadevam deka ke pomogne ponatamu :)
Klara, preubavi sliki, so zdravje da si go jadete marmaladot!