Џем од јагоди
Состојки
- 1 кг. јагоди
- 500 гр. шеќер со пектин 2/1
- 1 пакетче ванилин шеќер
Подготовка
Брза подготовка, кратко варење а вкусот и мирисот на овој џем ми е не заменлив.
Подготовка
Јагодите измијте ги и исчистете ги. Исечкајте ги на парченца и ставете ги во едно тенџере. Додадете го шеќерот и пектинот и убаво промешајте. Поклопете со капакот и оставете ги така да отстојат 3 часа.
Варете ги со повремено мешање додека да зовријат. Откако ќе зовријат се варат уште 3 минути со постојано мешање. Џемот ставете го во подготвените тегли додека е врел. Затворете ги теглите со капаците и превртете ги наопаку да отстојат околу 5 минути.
Ваков џем може да подготвувате и со замрзнато овошје. Одмрзнете го овошјето, а водата која ќе се собере при одмрзнувањето искористете ја при варењето на џемот.
Џемот може да го подготвите и во Гурмет 8 во 1 Пекачот.