1. Излупете ги праските, измешајте ги со шеќерот и оставете да одстојат најмалку 12 часа.
2. Процедете ги праските и одвојте го сокот кој го пуштиле. Ставете го сокот да се вари околу 20 мин, односно додека не почне да се карамелизриа.
3. Во меѓувреме излупете ја кората на лимоните, исцедете го сокот, а во газа семките и остатокот од лимонот заедно со рузмаринот - одвојте го цветот, врзете ги или затегнете со кујнско ластиче.
4. Додајте го сокот од лимон и газата со остатокот лимонот со рузмаринот во сокот кој се малку карамелизирал, додадете ги праските и варете околу 10 мин. извадете ја газата, истискајте ја добро за да излезе течноста која се впила во неа, измешајте продолжете да варите околу 5-6 мин. Пред да го тргнете додадете го цветот од рузмаринот, измешајте и соберето го џемот врел во теглите, свртете ги со капаците надолу, оставете до нивно потполно оладување.
Ова е драги мои мојот џем од праски со малку поинаков вкус...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани