Овде во Мои Рецепти сме големи обожаватели на њоките и во иднина ќе Ви покажеме како сами да направите њоки, но за овој рецепт ќе користиме готови њоки од продавница. Њоките се мали кнедли направени од мешавина на брашно и компири. Овде ќе ги служиме со едноставен, но богат сос од путер.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 пакување Њоки
  • 2-3 чешниња лук
  • една рака рузмарин (или жалфија)
  • 125 грама путер
  • 25 грама пармезан
  • гранче рузмарин за украсување
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Вид на оброк: Вечера
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Прво ќе го излупиме лукот и ситно ќе го исечкаме. Зз овој рецепт не ни требаат големи парчиња лук зашто тој служи само за вкус.

Следно, го сечкаме рузмаринот на парчиња...

Чекор 2: Сега ќе го направиме сосот. Растопете малку путер во тава за пржење на средно силен оган. Не сакаме путерот да потемни или изгори.

Додека путерот се растопува, ставете ги лукот и рузмаринот.

Потоа зачинете...

Мешајте додека добиете сос, на средено до тивок оган, давајќи му на путерот доволно време да ги впие вкусовите на лукот и рузмаринот. Доколку при рака имате жалфија, наместо рузмарин можете да ставите и жалфија.

Чекор 3: Зовријте вода и зачинете ја.

Ставете ги њоките во зачинетата вода. Овде користиме њоки од продавница, но со време ќе Ви покажеме како да ги направите сами.

На њоките не им е потребно многу време за да се сварат, па така по 2 минути извадете едно парче и допрете го со прстите за да видите дали е сосема омекнато.

Тргнете ги од оган...

Чекор 4: Откако ќе ги исцедите њоките, ставете го сосот од путер и мешајте додека сосот ги прекрие сите њоки. Устата би требала веќе да Ви се навлажни.

Чекор 5: Време е за сервирање: Со лажица префрлете ги њоките во чинија.

Зачинете со бибер и изрендајте пармезан или пекарино врз њоките.

Украсете со гранче рузмарин одозгора.

СОВЕТ: Овој рецепт се приготвува за многу кусо време – можете да го завршите за 10 до 15 минути и да ги импресионирате гостите. Њоките се многу прилагодлива состојка која го поприма вкусот од другите состојки со кои ја користите. Во Мои Рецепти редовно ќе приготвуваме њоки, а со тек на време ќе Ве научиме како сами да ги направите.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Касерола