Јунешки гулаш со вргањ
Го сецкаме ситно кромидот и морковот по можност во сецко и го ставаме во тенџере да се пржи на тивко го додаваме и месото исецкано на коцки и тоа да се запржи. Потоа ги додаваме и печурките (ако се суви предходно накиснати во вода), се убаво запржуваме на тивко. Кога е готово, додаваме вино, вода, сенф и зачини. На тивко динстаме околу два часа (односно зависно од кога ќе биде готово месото). При крај кога е го спремаме оризот во тава со капак или тенџере додаваме 600мл. вода да зоврие го истураме оризот претходно убаво измиен, додаваме малку масло и сол. Кратко врие па го исклучуваме и оставаме оризот да ја впие цела вода.
Сервираме во чинија, првиме прстен од оризот, а на средина го истураме гулашот.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Носам вино за ручеков!