
Јагнешко месо во маринада
Јагнешко кое се топи во уста ...ништо повеќе нема да кажам.
 Јагнешкото бутче се мие убаво под млаз ладна вода, а потоа со нож му се прават мали џепов за да ставиме лукче и морков.
 Ориганото, мајчина душица, рузмаринот, сокот од лимон и оцетот се мешаат во еден сад.
 Јагнешкиот бут го посолуваме убаво, а потоа во џеповите ставаме лук и парчиња морков, а потоа го премачкуваме со маринадата го покриваме убаво во фолија и го оставаме 24 часа во ладилник да си прими вкусови.
 Во тава ставаме парчиња праз, морков лимон и врз тоа го ставаме јагнешкиот бут, налеваме вода, вино и масло, а потоа врз него го посолуваме сувиот зачин. Покриваме убаво со фолија и ставаме да се пече на 170 степени 3 часа.
 После 3 часа го откриваме месото и со течноста од тавчето му ставаме одозгора и вракаме да се зарумени на 200 степени.
 На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови



















