Јагнешко месо во маринада
Состојки
- за маринад
- 3 чешниња лук
- 1 кафено лажиче оригано
- 1 кафено лажиче мајчина душица
- сок од еден лимон
- 2 супени лажици алкохолен оцет
- 1 супена лчажица рузмарин
- 3-4 супени лажици сол
- 1 морков
- јагнешко бутче од 3 кг
- за во тавчето
- 200мл масло
- 200мл бело вино
- 1 страк праз
- 1 лимон
- 2 моркови
- 700 мл вода
- 2 лажиици сув зачин
Подготовка
Јагнешко кое се топи во уста ...ништо повеќе нема да кажам.
Јагнешкото бутче се мие убаво под млаз ладна вода, а потоа со нож му се прават мали џепов за да ставиме лукче и морков.
Ориганото, мајчина душица, рузмаринот, сокот од лимон и оцетот се мешаат во еден сад.
Јагнешкиот бут го посолуваме убаво, а потоа во џеповите ставаме лук и парчиња морков, а потоа го премачкуваме со маринадата го покриваме убаво во фолија и го оставаме 24 часа во ладилник да си прими вкусови.
Во тава ставаме парчиња праз, морков лимон и врз тоа го ставаме јагнешкиот бут, налеваме вода, вино и масло, а потоа врз него го посолуваме сувиот зачин. Покриваме убаво со фолија и ставаме да се пече на 170 степени 3 часа.
После 3 часа го откриваме месото и со течноста од тавчето му ставаме одозгора и вракаме да се зарумени на 200 степени.
На здравје !!!