Видео рецепт: Јагнешко со прилог од компири и шампињони
Денес ќе готвиме заедно со Катерина, готвач член на нашата веб-страница. Катерина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Јагнешко со прилог од компири и шампињони.
Раскошен рецепт за велигденската трпеза – Јагнешко печено со лук и моркови, а со него прилог од компири и шампињони!
Подготовка
Чекор 1: Одберете јагнешко месо од плешка и бут. Засечете го на повеќе места во длабочина во вид на мали џебови и во секоја вдлабнатина ставете чешне лук и парче морков. Премачкајте го месото со поголема количина сенф, наросете црн бибер и мешан сув зачин.
Чекор 2: Ставете го месото во Овалната Ростер тава и попрскајте го со масло. Ставете го и останатиот морков исечен на покрупни парчиња, посолете и додајте ги водата и виното.
Покријте со капакот и печете во загреана рерна на 200 степени, 45 минути. Потоа превртете го месото, па печете уште 15 минути без капак.
Чекор 3: Во меѓувреме подгответе го прилогот. Сварените компири излупете ги и исечете ги на мали парчиња. Печурките исечкајте ги и ставете ги да се пржат со малку масло.
Откако ќе испари водата која ја пуштаат печурките ставете ги компирите и кромидот. Потпржете ги заедно на тивок оган.
Чекор 4: Потоа тргнете ги од оган, додајте го магдоносот, зачинете со црн бибер и мешан сув зачин. Додајте ја неутралната павлака и путерот и промешајте додека се растопи путерот. Може да додадете повеќе павлака, ако сакате потечна текстура.
Чекор 5: Во чинија сервирајте од месото и од прилогот, и декорирајте!
СОВЕТ: Овалната Ростер тава е одлична за печење на кое било месо. Печеното месо, во комбинација со закуската од компири и шампињони, е одлична идеја за сите специјални прилики!