Испечати

Видео рецепт: Јагнешко со прилог од компири и шампињони

Видео рецепт: Јагнешко со прилог од компири и шампињони

Состојки

  • За ПЕЧЕНОТО МЕСО ќе ви треба:
  • 1200 гр. јагнешко месо
  • 1/2 главица лук
  • 3 моркова
  • 100 мл. црвено вино
  • 100 мл. топла вода
  • 2 лажици сенф за премачкување
  • Ќе ви треба и масло, црн бибер, мешан сув зачин и сол
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 400 гр. варени компири
  • 400 гр. свежи шампињони
  • 2 млади кромитчиња (само белиот дел)
  • 50 мл. неутрална павлака за готвење
  • 40 гр. путер
  • 1 лажица ситно сечкан магдонос
  • Ќе ви треба и:
  • масло, мешан сув зачин, црн бибер

Денес ќе готвиме заедно со Катерина, готвач член на нашата веб-страница. Катерина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Јагнешко со прилог од компири и шампињони.

Раскошен рецепт за велигденската трпеза – Јагнешко печено со лук и моркови, а со него прилог од компири и шампињони!

Подготовка

Чекор 1: Одберете јагнешко месо од плешка и бут. Засечете го на повеќе места во длабочина во вид на мали џебови и во секоја вдлабнатина ставете чешне лук и парче морков. Премачкајте го месото со поголема количина сенф, наросете црн бибер и мешан сув зачин.

Чекор 2: Ставете го месото во Овалната Ростер тава и попрскајте го со масло. Ставете го и останатиот морков исечен на покрупни парчиња, посолете и додајте ги водата и виното.

Покријте со капакот и печете во загреана рерна на 200 степени, 45 минути. Потоа превртете го месото, па печете уште 15 минути без капак.

Чекор 3: Во меѓувреме подгответе го прилогот. Сварените компири излупете ги и исечете ги на мали парчиња. Печурките исечкајте ги и ставете ги да се пржат со малку масло.

Откако ќе испари водата која ја пуштаат печурките ставете ги компирите и кромидот. Потпржете ги заедно на тивок оган.

Чекор 4: Потоа тргнете ги од оган, додајте го магдоносот, зачинете со црн бибер и мешан сув зачин. Додајте ја неутралната павлака и путерот и промешајте додека се растопи путерот. Може да додадете повеќе павлака, ако сакате потечна текстура.

Чекор 5: Во чинија сервирајте од месото и од прилогот, и декорирајте!

СОВЕТ: Овалната Ростер тава е одлична за печење на кое било месо. Печеното месо, во комбинација со закуската од компири и шампињони, е одлична идеја за сите специјални прилики!