22
јан
2015
Пилешки стек со прилог од свежи шампињони
Едноставен, брз , вкусен ручек.
Прво пилешкото бело месо се мие и се остава на страна.
Во една здела се соединуваат сите состојки за маринадата.
Убаво се промешува.
Со четка, се премачкуваат парчињата месо од двете страни.
Нека одстојат во фрижидер најмалку 2 часа.
Потоа се пржат на грил тава на Делимано, да заруменат од двете страни.
Во тава се става путерот и маслото.
Се додаваат измиените, исечени на листови шампињони.
Се динста се додека не испари сопствената течност.
На крај се зачинува по вкус и се наросува сецкан магдонос.
се сервира, и уште сезонска салата и готово-може да се руча.
Лиценца: Сите права се задржани