1. Брашното го просејуваме.
2. Во длабок сад го ставаме брашното и правиме во средината дупка, го рониме квасецот, додаваме 2 лажици шеќер и го ставаме целото млако млеко и оставаме квасецот да стаса.
3. Изработуваме доста тврдо тесто го покриваме со крпа и го оставаме да го зголеми волуменот.
4. Кога тестото ќе стаса внатре додаваме 1 јајце, стопениот маргарин, сол и брашно малку да добиеме меко и еластично тесто и се добро измесуваме околу 4-5 мин, за сите состојки добро да се соединат. Го покриваме тестото со крпа и го оставаме повторно да стасува.
5. Стасаното тесто го делиме на 7 дела и од секој дел правиме сукалца долги 40 цм. и краевите ги составуваме.
6. Ѓевреците ги премачкуваме со жолчка во која сме додале 2 лажици млеко и ги наросуваме обилно со сусам.
7.Се печат во подмачкана тепсија на 180 Ц додека не добијат убава румена боја.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови