29
сеп
2014
Штрудла со јаболка
Прво се лупат јаболката.
На работната маса се става прво една кора се попрскува со 1 лажица масло, врз неа се става втора кора и таа малку се попрскува со масло и се става трета кора.
На почетокот на кората се нанесува филот.
Се ренда 1-2 јаболка во зависност од големината( јас ставав по 1,5) се посипува јаболкото со 1 лажица шеќер, па 1 лажица гриз, се посипува канела, суво грозје.
Се витка ролат.
Краевите на ролат се сечат.
Се редат сите спремени ролати во подмачкан плех, се сечат на парчиња и се печат околу 30 минути на 180 степени.
Се вадат од релна и се посипуваат со шеќер во прав.
Многу брз и вкусен десерт.
Лиценца: Сите права се задржани