Штрудла со пудинг од ванила
Најпрво се прави вториот фил. Прашокот за пудинг се раствара со 250 мл. млеко, остатокот од млекото го ставаме на оган со шеќерот. Штом млекото со шеќерот почне да врие, се истура растворениот пудинг и се меша постојано додека да се згусти. Потоа пудингот се остава да се олади (не сосема, треба топол да се нанесува). Повремено се промешава сварениот пудинг да не се створи коричка.
Се подготвува и првиот фил. Се матат белките со шеќерот, се додаваат и жолчките, зејтинот, гризот, прашокот за пециво и јогуртот.
Во 500 гр. кори за пита, обично има околу 16 кори. Се правават 4 штрудли со по 4 кори.
Се премачкуваат три кори со по 4 лажици од првиот фил, четвртата кора се премачкува со топлиот пудинг и се виткаат корите во ролат. Истото се прави и со другите кори. И штрудлите се ставаат во плех обложен со хартија за печење. Штрудлите се премачкуваат со остатокот од првиот фил и се ставаат во рерна да се печат.
Се печат 25 минути на температура од 180 степени.
Откако се испечат, треба да се оладат, па се сече на парчиња и се посолува со шеќер во прав.
Многу едноставна, брзо се припрема, со прекрасен мирис на ванила.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ми иде да се однесувам како патак дача кога виде злато: ИЦ МАЈН ОЛ МАЈН!!! :) :) :) :)
Штрудлата е со вкус сличен на кремпита, извонреден :)