Најпрвин го подготвуваме кремот.
Во половина од млекото го ставаме шеќерот и го загреваме. Во другата половина го раствараме пудингот и какаото, просеано низ цедалка или смесата изматете ја со миксер и додадете ја во зовриеното млеко и варете го пудинго. Кога ќе се згусти го додаваме маргаринот и мешаме да се стопи.   Го оставаме да олади, оладен изматете го со миксер.

Подготовка на тесто.
Во млако млеко додадете масло,шеќер, сол, квасец, пециво и мала количина на брашно. Измешајте па додадете три изматени белки во цврст снег (матете ги додека да се згуснат но не премногу). Белките додавајте ги постепено и соединувајте со тестото и постепено додавајте башно да добиете убаво мазно тесто кое не се лепи. Тестото покријте го со најлонска фолија и ставете во ладилник 1 час .
По еден час го вадиме тестото од ладилник и делиме на шест дела секој дел го расукуваме во круг и го премачкуваме со кремот, но не ептен до крајот околу 2см пред рабовите на кругот. Секој круг го мотаме во ролна. Земаме по две ролни и ги поврзете испреплетено, потоа им ги соедините краевите да не истекува филот. Кога е ова готово ја вклучувате релната на 175 степени да се загрее. За тоа време ги премачкувате штрудлите со растопен маргарин. По 10 минутки од вклучувањето на релната ги ставате да се печат околу 25 минути готови пак ги премачкуате со маргарин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови