Најпрво припремете го филот.
Пудингот, брашното и нишестото измешајте ги со малку млеко да нема грутчиња и сварете го во останатото млеко заедно со шеќерот кое претходно сте го свариле. Освете го да олади и подгответе ги еклерите.
Водата, маслото и солта ставете ги да зовријат, потоа додадете го брашното, измешајте го со дрвена лажица да се изедначи и оставете го да олади.
Во оладената смеса додајте ги јајцата едно по едно и пецивото и месите да стане мазна.
На плех обложен со хартија, со мало лажиче ставајте од смесата и печете ги на 200 С 20 - 25 мин.
Готовите еклери филовајте ги со чоколадниот пудиг и украсете ги со стопена чоколада.
Овој рецепт може да ви послужи како идеа класичниот ванила фил да го замените со чоколаден.Се разбира,можат да се наполнат и со пудинг од ванила.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани