
Еклери
Најпрво маслото и водата се оставаат да зовријат на оган, откако ќе зовријат се трга од оган и се ставаат 2 шољи брашно пополека и се меша додека не подостине па потоа се додоаваат 1 по 1, 6-те јајца и се убаво се соединува со рака да се добие полутечно тесто. На плех обложен со хартија за печење со шприц се прават еклерите и се печат во загреана рерна на 180 степени.
Фил
Во сад се соединуваат малку од млекото со јајцата,шеќерот, пудингот од ванила, ванилиниот шеќер и брашното. Остатокот од млекото се става на оган да зоврие и од кога ќе зоврие се става соединетата смеса и непрестано се меша додека не се добие смеса како пудинг.
Филот се остава да олади, еклерите се сечат на половинки и се полнат со филот. По желба се посипуваат со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови