Квасецот се става со млекото да стаса. Со веќе стасаниот квасец се замесува тесто со брашното, маргаринот, жолчките. Белките се матат во цврст снег,  па се додаваат така изматени во тестото. Смесата се остава околу 30 минути да стаса.

Фил
Вишњите се чистат од семенките и се мешаат со гризот и шеќерот. Се оставаат така да одседат 10 минути.
Од стасаното тесто се сукаат две кори. Корите се премачкуваат со филот од вишњи и се ролаат од двете страни кон средината.
Ролатите се ставаат во подмачкан плех и се оставаат 15 минути да стасаат, па се премачкуваат со изматено јајце и се печат околу 40 минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела