20
јун
2013
Џем од вишњи
Вишњите убаво се мијат и се чистат од семенките. Сокот кој истекува од вишњите се собира и потоа се додава кон исчистените вишњи.
Вишњите се ставаат во касерола или друг лонец и се налеваат со шеќерот. Се оставаат така да зовријат со повремено мешање и на крај се додава румот и џемфиксот измешан со ванилите. Се остава да проврие само една минута и се собира во врели теглички.
Иако ги избегнувам конзервансите овој џем некако ми е најубав вака затоа што вишњите си го задржуваат природниот вкус и џемот е малку покиселкаст. Џемот е одличен за Шварцвалд тортата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
А за вкусот што да кажам... фантазија е! Дури те освежува кога јадеш ;)
Ne se rasipuva i so poveke ovosje a jas ne go pasiram ovosjeto tuku go ostavam pokrupno seceno(praski,kivi,portokali,dinja)a nekoe -grozdastoto go ostavam celo.
Vkusot e navistina osvezitelen:)
Инаку да си кажам дека одлично изгледа :)