Испечати

Џем од вишњи

Џем од вишњи

Состојки

  • 2кг вишњи
  • 800гр шеќер
  • 2 ванили
  • 1 кесичка џемфикс 3/1

Подготовка

Вишњите убаво се мијат и се чистат од семенките. Сокот кој истекува од вишњите се собира и потоа се додава кон исчистените вишњи.
Вишњите се ставаат во касерола или друг лонец и се налеваат со шеќерот. Се оставаат така да зовријат со повремено мешање и на крај се додава румот и џемфиксот измешан со ванилите. Се остава да проврие само една минута и се собира во врели теглички.
Иако ги избегнувам конзервансите овој џем некако ми е најубав вака затоа што вишњите си го задржуваат природниот вкус и џемот е малку покиселкаст. Џемот е одличен за Шварцвалд тортата.