11
јун
2014
Шпагети со македонски сос
Ова беше најбрзиот сос направен за шпагети, а за потребите на една скромна вечера.
Шпагетите ги вариме по упатството на кесата. На масло го ставаме сечканото лукче и го пропржуваме колку да пушти мирис. Го ставаме и ајварот заедно со сечканите маслинки. Зачинуваме со оригано и бибер. Пропржуваме неколку десетици секунди и сосот ни е готов.
Идејата за сосот беше на мажот ми. Јас малку се колебав, ама излезе дека ептен е вкусно и навистина ви го препорачувам.
Лиценца: Сите права се задржани
Значи од глупост, направивме одличен сос, се размислував дали да го постирам, ама мажот ми вели ,,да знаат коолку е добро, сите ќе си го направат“ ...и тој беше причината што ја приложив идејата:)