Шпагети со македонски сос
Состојки
- 500 гр шпагети
- 5-6 лажици пикантен ајвар
- 1 главица стар лук
- 1 лажичка оригано,
- 7-8 дојрански маслинки
- масло по потреба(2-3 лажици)
- мелен црн бибер по вкус
Подготовка
Ова беше најбрзиот сос направен за шпагети, а за потребите на една скромна вечера.
Шпагетите ги вариме по упатството на кесата. На масло го ставаме сечканото лукче и го пропржуваме колку да пушти мирис. Го ставаме и ајварот заедно со сечканите маслинки. Зачинуваме со оригано и бибер. Пропржуваме неколку десетици секунди и сосот ни е готов.
Идејата за сосот беше на мажот ми. Јас малку се колебав, ама излезе дека ептен е вкусно и навистина ви го препорачувам.