20
апр
2014
Шеќерпаре со ореви и кокос
Најпрво ги зовриваме водата (3 финџали) со маслото и кога ќе зовријат се трга настрана и се додаваат брашното, пецивото, гризот и оревите со постојано мешање со лажица (маталка).
Од добиената смеса правиме форми по желба, јас земав по малку од смесата на дланките ја сплескував и потоа го превиткував парчето истовремено стиснувајки го.
Печиме кратко околу 20 мин. на 180 степени. Ги вадиме од рерна и дури се уште млаки ги натураме со сварениот и млак шербет. На крај се валкаат во кокос, а ако не го сакате кокосот не мора.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови