Пенесто се матат шеќерот, маргаринот, румот, ванилиниот шеќер и неколку капки екстратот од ванила. Постепено, една по една, им се додаваат 5 жолчки. Наизменично им се додава брашното помешано со прашокот за печиво и слатката павлака. На крај се додаваат сокот од вишни и предходно изматениот снег од белки. Се меша со лажица.
Тестотот се дели на 2 дела. Во едниот дел се додаваат еурокремот и вишните. Во прехдодно намастен и набрашнет калап за куглоф, се става ред од жолтата смеса, па потоа од темната....се додека не се потроши целата смеса.
Се пече на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани