Шарлота со чоколаден крем
1. Подготовка на филот
Путерот го матиме заедно со шеќерот во прав и едно по едно ги додаваме жолчките и на крај го додаваме румот. Ако тортата е наменета за деца тогаш додаваме сок од малини.Готовата кора ја премачкуваме со филот ја виткаме во ролат и ја ставаме во алуминиумска фолија на неколку часа или најдобро преку ноќ да седи во фрижидер.
2. Подготовка на кремот
Пенесто ги матиме жолчките со шеќерот, ванилите, циметот и какаото.
3. Во желатинот ставаме 3 лажици вода и го оставаме на страна.
4. На пареа во сад го ставаме млекото го додаваме чоколадото искршено на парчиња ги додаваме жолчките и со постојано мешање вариме крем.Додека е топол кремот го додаваме растопениот желатин претходно на пареа и добро промешуваме сите состојки да се соединат.Садот го ставаме на страна да се излади.
5. На крај во изладениот крем се додава претходно изматената слатка павлака и се заедно добро се изматува.
6. Ролатот го сечеме на 1 см. дебели кришки и ги редиме во округол стаклен или порцелански сад и во средината и по краевите. Половината од кремот го истураме врз нив и повторно редиме втор ред од кришките и го ставаме остатокот од кремот.
7. Тортата ја покриваме со фолија и ја ставаме во фрижидер 3-4 часа.
8. Кога ќе се излади тортата, внимателно ја превртуваме на рамна чинија, ја попрскуваме со рум или сок од малини и ја сечеме на кришки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови