Преубава кремаста богата со чоколада торта,која нема да ве остави рамнодушен.За секоја убав прилика.
Прво се матат јајцата со шеќерот. Се додава брашното,пецивото и какаото(претходно се заедно се меша во еден сад).Се додава млекото и зејтинот,пак кратко се меша и се става во плех(бр.24) да се пече околу 20 минути на 180 степени во загреана рерна.Се пече на хартија за печење ,а ако користите делимано тавче не е потребно подмачкување или хартија за печење.Откако ќе излади пандишпанот се става во калап(бр.24).
Се ставаат вишните со водата и откако ќе провријат кратко,се зема неколку лажици од сокот.На страна се меша пудингот со шеќерот и 3 лажици вода и се додава кон вишните,се меша додека да згусне.Со сокот од вишни ја попрскуваме насекаде кората.Кремот од вишни се полева врз кората.
За ганаш-кремот со темна чоколада се става слатката павлака на тивок оган.Се крши целата чоколада и постојано се меша,не дозволувајќи да зоврие.Кога сосема е стопена чоколадата,се трга на страна и се меша одвреме на време.Кога ќе олади малку се сипува врз кремот од вишни.Се остава надвор да олади.
За ганашот со бела чоколада е истата постапка ,само што овде додаваме во слатката павлака 300 грама бела млечна чоколада.Се остава малку да олади и се сипува врз темно-чоколадниот ганаш.Тортата треба убаво да олади,најдобро е преку ноќ во обичен фрижидер.Се украсува по желба со чоколадна шлаг крема.На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови