8
мај
2014
Чорбичка од компири и димено месо
1. Ситно сечканиот кромид и ситно ренданиот морков се пропржуваат на малку масло
2. Се додава исецканата зелена пиперка и ситно сечканите бамји
3. Откако ќе омекнат на врелото масло се додаваат компирите исечкани на поголеми коцки
4. Потоа се додава дименото месо, ситно исечкано
5. Се додаваат зачините
6. Се додава водата, целите црвени пиперки и магдоносот кој е претходно ситно исечкан
7. Се вари чорбата на тивок огин околу час и половина, да се свари убаво месото
8. На крај се прави настрана во едно тавче запршка од малку врел зејтин и брашно и со таа смеса се запржува чорбата
9. Се остава да се повари уште 5-1о мин и се сервира во чинија
Лиценца: Сите права се задржани