За подготовка на чорбичкава, потребно е да се исецкаат сите зеленчуци.
Празот, пиперката и патлиџанот ги пржиме додека не омекнат.
Додаваме сечкано пушено месо и продолжуваме да пржиме.
Зачинуваме и попрскуваме црвен пипер.
Додаваме вода отприлика колку сакаме да биде густа. Oставаме да се вари и кога е при крај варена се додава оризот.
Оризот го оставаме да се свари наместо да ставаме запршка од брашно.
Ова е убава вкусна чорба.
Пробајте.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови