Чорбичка со тикве и компир
На загреано масло се заржува кромитчето до фаза на омекнување. Се додава сецканиот патлиџан и пиперка. Се пропржува, па се додава бамјата и морковите. Постапката се повторува и на крај се додаваат компирите и тиквицата. Оризот го оставам за на крајот.
( ако е млада тиквичката, јас не ја лупам )
Додаваме зачини и една лажица црвен пипер, па промешуваме да се попржи уште 2-3 минути. Додаваме вода колку да го покрие зајрето и оставаме да се свари на потивко. Штом водата е испарена, а зајрето варено, чорбичката е готова.
Пред крајот и додавам ситно сецкан магдонос.
Брзо и слатко посно ручече.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови