Чоколадни мињони со кикири и портокал
Млекото, шеќерот и маргаринот ставете ги на оган да зовријат, па потоа да вријат уште 4-5 мин. Тргнете го од оган и додадете го чоколадото иситнето на парчиња да се растопи. Потоа додадете ги и бисквитите кикирите и лешниците и на крај кората од портокал која сте ја изрендале на ситната страна од рендето. Се убаво измешајте.
Обложете коцкест калап (23х23) со пек хартија или тврд целофан и убаво израмнете ја смесата во него. Кога ќе подолади ставете го во замрзнувач да се здрви. Потоа извадете го и исечете коцки од 2, 2 и пол см и повторно вратете во замрзнувач додека ја спремите глазурата, односно го стопите чоколадото со маслото на пареа.
Секоја коцка намакајте ја со помош на чепкалки и оставајте ја да се здрви набодена врз стиропор.
Чоколадираните мињони можи да ги украсите со готови цветчиња, бони топ или некои слични бомбончиња, стопено бело чоколадо или шеќерна глазура... како вам ви одговара.
Лиценца: Сите права се задржани
ај мене пиши ме некогаш на колачи :) :) :) :)
треба 125 гр маргарин, а млеко 250 мл.
Тинаа ти благодарам многу на забелешката, поздрав до тебе! :)
За вакви корекции можете да ни се обратите и во порака на страната на Фб или на мејл.
Имајте убав викенд драги наши :)