Чоколадни мињони со кикири и портокал
Состојки
- 250 гр мелени бисквити
- 150 гр мелени кикири
- 50 гр крупно мелени потпечени лешници
- 8 лажици шеќер
- 250 мл млако млеко + 125гр маргарин
- 100 гр чоколадо
- 1 кора од портокал
- - за глазирање -
- 150 гр чоколадо
- 6 лажици масло
Подготовка
Млекото, шеќерот и маргаринот ставете ги на оган да зовријат, па потоа да вријат уште 4-5 мин. Тргнете го од оган и додадете го чоколадото иситнето на парчиња да се растопи. Потоа додадете ги и бисквитите кикирите и лешниците и на крај кората од портокал која сте ја изрендале на ситната страна од рендето. Се убаво измешајте.
Обложете коцкест калап (23х23) со пек хартија или тврд целофан и убаво израмнете ја смесата во него. Кога ќе подолади ставете го во замрзнувач да се здрви. Потоа извадете го и исечете коцки од 2, 2 и пол см и повторно вратете во замрзнувач додека ја спремите глазурата, односно го стопите чоколадото со маслото на пареа.
Секоја коцка намакајте ја со помош на чепкалки и оставајте ја да се здрви набодена врз стиропор.
Чоколадираните мињони можи да ги украсите со готови цветчиња, бони топ или некои слични бомбончиња, стопено бело чоколадо или шеќерна глазура... како вам ви одговара.