Чоколадни залачиња
1. Сувото грозје се става во румот колку да биде покриено. Колку повеќе стои, толку подобро. Најубаво е ако го ставите од вечер да престои или неколку часа пред да почнете со подготовка на рецептот.
2. Млечното чоколадо се топи на пареа и се полнат хартиените калапчиња, кои кај мене излегоа 15 на број. Не ставајте премногу, само колку да се покрие дното и оставете да се стегне малку.
3. Ставете го сувото грозје врз првиот слој од млечно чоколадо со помош на вилушка за да се исцеди добро.
4. Итемното чоколадо се топи на пареа и се става најгоре.
5. Декорираме со рендано бело и млечно чоколадо или нешто друго по желба и се ставаат во фрижидер за да се стегнат.
Најдобро е ако користите помали хартиени калапчиња!
Рецептот може да се приготви и само со еден тип на чоколадо!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Малце хаос направив со сликите,а и стандард во сите рецепти ми фалат последните 1-2 состојки па румот го додадов кај сувото грозје.
Се надевам се снајдовте
Поздрав
jas bi go zamenila samo s.grozje a drugoto e super pozz:)
Инаку знам многу луѓе на кои не им се допаѓа сувото грозје па одбегнуваат да го ставаат.Искрено може да се замени со било што,дури може и да ставите во средина цимет,чили во прав или ѓумбир,морско оревче,па да се добијат најразлични вкусови
Ги правев во среда,а среда и петок постиме,па ќе си пукнев...како што имам обичај пола состојки да си ги јадам дури спремам :) хахха затоа излегоа сите на број.
Му се вртевме цел ден фрижидерот како ајкули!!!